Чеферин ја заостри реториката кон ФИФА

Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, на Изборниот конгрес на организацијата во присуство на Џани Инфантино ја нападна ФИФА. Тој рече дека нема да биде гласачка машинерија која ќе го поддржува расфрлањето на пари за нови натпреварувања.

Тој објасни дека ги блокирал таинствените планови на светската организација за собирање 20 милијарди фунти за финансирање на Светското клупско првенство и на Светската лига на нации.

Чеферин не се воздржуваше во критиките и рече дека токму оние што „само велат да“ најчесто им овозможуваат на лидерите да „загубат компас“. Словенецот потврди дека соработува со Европската асоцијација на клубовите за зацврстување на Лигата на шампионите.

 

 

Се вчитува...