Чеферин: Јуве, Реал и Барса мислат дека земјата е рамна

Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин во разговор за британскиот „Телеграф“ изјави дека раководствата на Јувентус, Реал Мадрид и Барселона со заканите кон федерацијата која што тој ја води мислат дека земјата е рамна.

„Старата дама“ и двата шпански гиганти и понатаму се немаат повлечено од Суперлигата, натпреварување кое го формираа 12 клуба во април. Меѓутоа идејата не заживеа бидејќи клубовите од Премиер-лигата во рок од 48 часа под притисок се повлекоа, а истото го направија и Атлетико Мадрид, Интер и Милан.

„Дури и најголемите скептици на светот сфаќаат дека Суперлигата е готова. Мислам дека постојат само три клуба кои и понатаму мислат дека ќе се реализира Суперлигата. Со тој избор дури и ни помогнаа нас, бидејќи што и да кажат можеме слободно да им кажеме ако не ви се допаѓа слободно одете си во својата Суперлига. Луѓето говорат дека се почна од американските сопственици, но не заборавајте дека единствените тројца кои сметаат дека земјата е рамна се еден Италијанец и двајца Шпанци“, изјави Чеферин. 

Се вчитува...