Чеферин: Клоп и Гвардиола сакаат помалку средби, а бараат поголеми плати, тоа не е нормално

Суперлигата експресно се распадна како проект, но голем дел од врвните фудбалери и тренери веднаш потоа ги насочија погледите кон новиот проект на УЕФА за проширување на Лигата на Шампионите. Бројот на натпревари во групната фаза од шест ќе се зголеми на десет, а меѓу членовите на тимовите владее загриженост дека ќе дојде до уште поголем замор кај фудбалерите.

Јирген Клоп и Пеп Гвардиола гласно го критикуваа новиот предлог од европската куќа на фудбалот, но одговорот стигна експресно, и тоа од претседателот на УЕФА, Александар Чеферин.

„Прочитав како тренери на врвни екипи се против нашиот проект затоа што имало повеќе натпревари. Една работа треба да биде јасна, новиот проект се прави за клубовите да можат да обезбедат поголеми приходи. Не може тренерите да сакаат да водат помалку натпревари, а потоа при секои преговори со клубовите бараат уште поголема и поголема плата. Еве, тренерите и играчите нека се согласат на намалување на платите, за клубовите да не мора да бараат нови начини за зголемување на приходите“, порача Чеферин.

Се вчитува...