Чеферин: Клубовите кои ќе ги суспендираме ќе се преселат во петта лига!

УЕФА тврди дека ја има поддршката на националните фудбалски сојузи, од кои ќе бара автоматска суспензија на сите клубови кои прифатија да бидат дел од Супер-лигата на Европа.

Ова практично би значело дека овие екипи нема да смеат да се натпреваруваат во своите домашни лиги, а згора на тоа би биле преселени во најнизок ранг на натпреварување.

„Клубовите не кои ќе им биде изречена суспензија нема да играат во своите држави, тоа е сигурно. Ако потоа се премислат и решат да се вратат, ќе почнат да играат од петтата лига, или која и да е по ранг како најслабо натпреварување“, информираат од раководството на УЕФА.

Се вчитува...