Чеферин: Клубовите од Суперлигата ќе бидат казнети, но за Англичаните ќе покажеме милост

Првиот човек на УЕФА, Александар Чеферин, повторно гласно ги критикуваше првите луѓе на Реал Мадрид и на Јувентус, кои остануваат на ставот за одржување на проектот Суперлига во европскиот фудбал. УЕФА успеа за само два дена да го разбие овој проект, но Чеферин гласно порача дека клубовите кои од почеток беа дел Суперлигата ќе треба да бидат санкционирани.

Притоа, европската куќа на фудбалот ќе има посебен третман за англиските клубови, кои први се повлекоа од ова натпреварување, означувајќи го почетокот на крајот на Суперлигата.

Имаше луѓе кои мислеа дека се може да се купи со пари, но докажавме дека фудбалот е многу повеќе од тоа. Она што разочарува е што уште гледам луѓе како Флорентино Перез и Андреа Ањели, луѓе кои тврдат дека земјата е рамна, дека Суперлигата се уште постои. Овој проект однапред беше осуден на пропаст и добро е што веднаш е завршена приказна. Секако, мора да има последици за сите оние кои сакаа да направат бунт во европскиот фудбал. Според мене, клубовите треба да се поделат во три групи, сигурно дека ќе имаме поинаков пристап кон Англичаните, кои први ја признаа грешката и јавност се повлекоа. Втората група се оние кои следеа по нив како Интер, Милан и Атлетико Мадрид, а во третата се оние кои се уште не ја согледуваат реалноста – дека Суперлигата никогаш нема да се случи. Исклучување од ЛШ? Можеби, тоа е една од опциите, но тоа е работа што ќе ја одлучи Извршниот Комитет на УЕФА, јас само го кажувам мојот личен став кон ситуацијата“, изјави Чеферин во интервју за британскиот весник „Дејли Мејл“.

Се вчитува...