Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин говореше околу формирањето на Суперлига која сакаат да ја направат 18 најбогати европски клубови. Таа би требало да ја замени Лигата на шампионите. Претседателот на УЕФА е далеку против ова натпреварување бидејќи тоа ќе го уништи вистинското значење на фудбалот како игра.
„Најпрво сите мораме да направиме се што е во наша моќ да го спречиме формирањето на Суперлигата. Не сум сигурен дека клубовите навистина сакаат формирање на Суперлига или само ја пуштаат приказната како би ни се заканувале. Тоа натпреварување нема да биде добро за средните и мали федерации. Процесот не е добар“, изјави Чеферин.
Исто така тој смета дека Суперлигата не смее да ги замени домашните лиги и дека тоа воопшто не се доведува во прашање.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА