Идејата за Суперлигата на Европа не доживеа реализација, па истата прекина за краток период. На 18 април во 2021-та година како бомба одекна веста за формирањето на затворен тип натпреварување.
Сепак, оваа идеја траеше кратко, со отстапувањето прво на Англичаните, а потоа и на сите останати. На оваа тема во повеќе наврати негативни коментари давал Александар Чеферин. Како прв човек на Европската фудбалска унија (УЕФА), Словенецот секогаш ги брани ставовите за евро-куповите под своја капа. Сега, тој нагласи дека смета дека оваа идеја е веќе мртва.
„Предолго зборувавме за Суперлигата, а таа за мене не постои, идејата за истата повеќе не постои. Последните состаноци потврдуваат дека идејата големите клубови да не играат со малите пропаѓа. За такво нешто би морал да се промени целосниот европски модел. Таа идеја не заслужува коментар, би била преголема разликата меѓу „сиромашните“ и „богатите“, не би имало рамнотежа“, рече Чеферин.
Флорентино Перез како најголем гласноговорник за оваа тематика, јасно покажа дека не се откажува од идејата за одвоено натпреварување со значително повисоки примања. Сепак, формирањето на Суперлигата во првичниот формат е невозможно.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА