ФИФА продолжува со најразлични студии и анализи околу воведувања на промени во светскиот фудбал, а една од нив е и идејата светските првенства наместо на секои четири, да се играат на секои две години.
На оваа идеја гласно се спротивстави претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, кој во изјава за францускиот весник „Л’Екип“ обелодени дека воопшто не се согласува со плановите на светската куќа на фудбалот.
„Најверојатно сите слушнавте дека ФИФА почнала со студија, да испитува дали е паметно мундијалите да се играт на секои две години. Ако ме прашувате мене, тоа е глупава идеја. Една од убавините кај фудбалските мундијали е што се играат на секои четири години, што се чека долго на нив. Ако го намалите времето меѓу нив, ќе се намали целиот шарм околу ова големо натпреварување, ќе се намали и легитимитетот бидејќи на секои две години ќе имате нов шампион“, изјави Чеферин.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА