Чеферин на средба со Мицотакис во Грција: Хулиганите кои носат хаос не се навивачи… Не викајте ги навивачи!

Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин оствари денеска средба во Атина со премиерот на Грција, Киријакос Мицотакис.

Главна тема на разговорите беа секако навивачкото насилство и нередите кои минатата недела ги предизвикаа навивачите на Динамо Загреб и АЕК.

„Тажни сме и бесни поради оние страшни нешта кои се случија, и поради ова бесмислено насилство. Бесни сме затоа што некој ги користи спортот и фудбалските натпревари за насилство. Замислете каква сте вие личност ако мора да нападнете некого само затоа што носи дрес на некој друг клуб“ – рече Чеферин по средбата и дополни:

„Ова е рак-рана на фудбалот. Тие што го предизвикаа инцидентот во Атина, тие не се навивачи. Не викајте ги нив фудбалски навивачи. Тие само го користат фудбалот за своите глупави идеи. Доста е насилство. Насилството и хулиганизмот носат проблеми не само за Грција, туку за цела Европа. Мора да ги искорениме тој рак од општеството“.

Се вчитува...