Чеферин најави промени на ВАР-системот: Мора да се ограничи неговата употреба

ВАР технологијата, без сомнение, ја убива голем дел од вистинската убавина на фудбалската игра, и покрај нескриените позитивни нешта кои ги донесе со себе.

Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин најави промени на одредени правила на ВАР-системот со порака дека ќе се применува исклучиво при контроверзни ситуации.

„Има многу предлози како да се подобри ВАР. Според мене би бил најкорисен кога би се користел во контроверзни ситуации. Свесни сме дека прекините траат и подолго време што не е добро за фудбалот“ – вели Чеферин и дополнува:

„Решение е да се ограничи употребата на ВАР, затоа што кога е во прашање играта со рака постојат многу дилеми. Или при офсајд ситуации од еден или два сантиметри и секако при ситуации кога голманот при пенал ја напушта линијата“.

Многумина се согласни дека при офсајд-ситуациите, кога се во прашање неколку сантиметри, треба да се занемаруваат затоа што при такви случаи паузите траат и по повеќе од пет минути што е штетно за фудбалот.

Се вчитува...