Чеферин: Не е апокалипса, фудбалот ќе се издигне после коронакризата

Светот е покорен во моментот од невидливиот непријател Covid-19, карантинот на луѓето стана мачно секојдневие, фудбалот е потполно суспендиран. Сепак, претседателот на УЕФА, Александер Чеферин, охрабрува и вели дека не е апокалипса, а фудбалот има сила да се избори со оваа моментна ситуација. Затоа УЕФА на сите земји членки им подели помош за да ги издржат тешките моменти со финансиска помош од 4,3 милиони евра.

„Нашата организација има обврска да ги помага членките, а ова е можеби најтешкото искушение за фудбалот и за светот воопшто во последните неколку векови. Горд сум што фудбалското семејство покажува заедништво во моментите на коронакризата и уверен сум дека ќе излеземе како победници. Не стравуваме од апокалиптично сценарио, напротив, мислам дека фудбалот може и ќе успее да го врати задоволството кај луѓето, повторно ќе има страст и емоции какви што може да предизвика нашата игра“, изјави Александер Чеферин.

УЕФА со пренамена ќе подели вкупно 236,5 милиони евра за 55 земји членки за надминување на состојбата предизвикана од пандемијата на коронавирусот.

 

 

 

Се вчитува...