Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин го критикуваше начинот на изборот за домаќини на Светските првенства во фудбал. Изминатото и идното светско првенство ќе бидат уникатни, со оглед дека минатото се одржа сред сезона во зима, додека идното ќе се одржи на три континенти.
Во 2030 година, домаќини ќе бидат Шпанија, Португалија и Мароко, додека Уругвај, Аргентина и Парагвај ќе бидат домаќини по еден натпревар. Поради принципот на ротација, ФИФА прифаќа апликации за Мундијалот во 2034 година само од Азија и Океаниија, а Саудиска Арабија е единствената заинтересирана земја.
Чеферин додаде дека не треба повеќе да се разговара за одржување на Мундијал во зима, како што беше во Катар минатата година.
„Во едно сум сигурен. Мундијал на зима не е добар за фудбалот. Не е разумно повторно да се разговара за таква опција, бидејќи ги задушува меѓународните натпревари и домашните првенства“, изјави Чеферин.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА