Чеферин: Однесувањето на Мартинез во финалето беше одвратно, Меси требаше да го сопре

Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин го критикуваше Емилијано Мартинез за неговото однесување во финалето на Светското првенство против Франција, кога на крајот го стави трофејот за најдобар голман на гениталиите и гестикулираше кон некого.

Исто така ги осуди и непристојните гестои и коментари кон Килијан Мбапе после натпреварот, а голманот на Аргентина го исмејуваше францускиот напаѓач и по враќањето во Аргентина, држејќи минијатурна кукла со француската ѕвезда.

„Меси цела година игра со Мбапе. Ако видите како реагира Мартинез на пенал рулетот, ќе видите дека не може да се снајде. Не разбирам зошто го потсмева Мбапе, куклата и други работи. Тоа е примитивно и не ми се допадна. Исто така не ми се допадна и односот кон трофејот за најдобар голман. Тоа е одвратно. Не го правите тоа ако сте го освоиле Светско првенство“, коментираше Чеферин.

Се вчитува...