Чеферин: Реал, Јуве и Барса имаат неспособни управи, ако сакаат нека не играат ЛШ, уште подобро за нас

Војната што УЕФА ја води со „одметниците“ кои сакаат да ја формираат Супер-лигата во фудбал секојдневно тече и се разгорува. Клубовите упорно се жалат дека не прават доволно пари за да можат соодветно да се развиваат, додека ставот на УЕФА е јасен – европската куќа на фудалот е единствената која може да организира клупски натпреварувања.

Првиот човек на европскиот фудбал, Александар Чеферин, денеска повторно жестоко ги нападна челниците на Реал Мадрид, Барселона и Јувентус, нарекувајќи ги неспособни и лицемерни.

„Флорентино Перез цело лето се жали како нема пари, како е време на криза, а потоа вади 180 милиони евра за да го доведе Килијан Мбапе и не успева во тоа. Овие тројца луѓе се обидоа да го убијат фудбалот, не успеаја, па сега измислуваат нови изговори. Вистината е дека Реал, Барса и Јуве имаат неспособни управи за да раководат со елитни светски клубови. Она што ми е најинтересно е што гледам како упорно зборуваат против УЕФА, како ќе ја воскреснеле идејата за Супер-лигата, а истовремено доаѓаат кај нас за да играат во Лигата на Шампионите. Слободно нека си одат од ЛШ, ќе биде подобро за сите нас, отколку да си имаме работа со лицемери“, порача Чеферин.

Се вчитува...