Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин во опширно интервју говореше за можноста руските репрезентации да се вратат во светските фудбалски натпреварувања, а се осврна и кон војната во Палестина и зошто Израелците не добија казна како и Русите.
Чеферин откри дека постоела иницијатива да се вратат во натпреварувањата за младинците до 17 години, но идејата била експресно одбиена и враќање на Русите нема да има додека не заврши војната.
„Прилично е јасно дека војната мора да заврши. Се надевам дека се движиме во вистинската насока, сакавме да ги вратиме момчињата и девојчињата до 17 години. Сепак, тоа наиде на таква политичка хистерија и притисок врз членовите на извршниот одбор. Тие не се предомислија поради тоа, но не замолија да почекаме бидејќи не можеа да ги поднесат личните напади“, изјави Чеферин.
За разлика од политичкиот притисок кон забрана за руските репрезентации, Чеферин вели дека нема ваков вид на притисок за Израелците, но постои граѓанска иницијатива.
„Пред се, тоа што се случува со цивилите таму ме повредува, ме убива. Невозможно е да се гледаат овие работи. Од друга страна, не сум поддржувач на забраната за спортисти. Што можат да направат за да ја сопрат војната? Забраната за Русите трае веќе три и пол години, а војната не е запрена.
Со ситуацијата околу Русија и Украина, имаше голем политички притисок, а сега тоа е повеќе притисок од граѓанското општество. Политичарите се многу прагматични кога станува збор за војни и жртви. Не можам да кажам што ќе се случи, за сè се зборува. Сепак, јас лично сум против исклучување на спортисти“, додава Словенецот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

