Чеферин: Руските спортисти не треба да бидат под санкции поради војната во Украина

Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин  вели дека санкциите против Русија поради агресијата на Украина не треба да се однесува и на руските спортисти и дека УЕФА наскоро ќе донесе одлука врзана за настапите на руските клубови во европските натпреварувања.

Во разговор за мариборскиот весник „Вечер“, Чеферин вели дека рускиот спорт поради „одлуки на поединци од нивната земја“ не треба да трпи. Сепак, УЕФА морала на почеток да донесе одредени санкции кои сега дополнително ќе бидат разгледани повторно.

„УЕФА наскоро ќе донесе одлука дали руските клубови ќе може да се натпреваруваат во европските натпреварувања. Во светот мора насекаде поголемо внимание да се посветува на повиците за мир и соработка“ – вели Чеферин.

Според неговите зборови, руските спортисти сносат санкции иако воопшто не се виновни за војната, и треба да се покаже дека тие санкции не се воопшто насочени ниту против руските спортисти ниту против рускиот народ.

Се вчитува...