Проектот на Саудиска Арабија за развој на фудбалот досега привлече голем број на ѕвезди во егзотичката држава, а очекувањата се дека стапките на Кристијано Роналдо, Карим Бензема, Н’голо Канте… ќе ги следат и останати великани кои сега настапуваат во најсилните европски првенства.
Амбициозните Саудици наидоа на критики од јавноста за преголемото трошење, а на оваа тема говореше и претседателот на УЕФА, Александар Чеферин кој вели тоа е погрешен систем за развој на спортот и дека се случува истата грешка која ја направија Кинезите.
„Саудиската стратегија на трансфери е грешка за саудискиот фубал. Тие пари треба да се вложуваат во академии, во носење на тренери и развивање на свои играчи. Купувањето на играчи кои се во залез на кариерата не е систем со кој се развива фудбалот… Слична грешка како во Кина“, изјави Чеферин.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА