Чеферин со покана до Ериксен: Ајде заедно да го гледаме финалето на ЕП

Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, испрати покана до данскиот капитен Кристијан Ериксен, неговата сопруга и шестмината медицински лица кои му го спасија животот, да му бидат гости на финалниот меч на Европското фудбалско првенство.

Сепак, сè уште нема потврда дека Ериксен, кој се избори со смртта, ќе може да присуствува на натпреварот в недела. Како што е познато, играчот за врска на Интер доживеа срцев на првиот меч со Финска на Евро 2020.

За потсетување, селекцијата на Данска синоќа изгуби од Англија на стадионот „Вембли“, па не успеа да обезбеди уште едно историско финале.

Се вчитува...