Претседателот на Европската фудбалска федерација (УЕФА), Александар Чеферин изјави дека стадионот на Динамо Загреб „Максимир“ е срамотен.
Тој вели дека вистинско чудо е какви резултати прави хрватскиот шампон играјќи на стадион како што е тој во главниот град на Хрватска.
„Стадионот е срамотен, посебно кога е затворена една трибина. Чудо е какви резултати имаат со таков стадион. На сите фудбалски стадиони им даваме пари за инфраструктура. Навистина катастрофално е како изгледа максимир“, изјави Чеферин.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА