Александар Чеферин веќе подолго време беше цел на критики на англиската јавност поради одлуката финалето од Лигата на Европа да се игра во Баку, Азербејџан. Во мечот за трофејот се сретнаа Арсенал и Челси, а поради растојанието од Англија до Азербејџан фановите на двата лондонски клуба не го исполнија до последно место стадионот во Баку. Чеферин речиси два месеци трпеше критики на оваа тема, за денеска конечно да го возврати ударот.
„Англиските клубови цело време се жалат, лути се, нешто им али, но не се во право. Знаете што им кажувам на оние кои прашуваат зошто игравме во Баку? Им одговарам дека таму живеат луѓе. И тоа луѓе кои за разлика од Англичаните не се жалат на ништо, поради временските разлики мечот почна во 23 часот по локално време, не не слушнав ниту една поплака. Ако требаше да се игра финале на два клуба од Азербејџан во Лондон, ви гарантирам дека никој немаше да се жали. Ќе дојдеа, ќе играа, навивачите ќе навиваа на трибините“ – вели првиот човек на УЕФА.
Воедно, тој најави дека и во иднина треба да се продолжи праксата финалните натпревари од Лигата на Европа да се играат во помалку атрактивни држави.
„Требаше да ги видите среќата и задоволството на жителите на Баку, што им беше овозможено во живо да ги проследат големите ѕвезди на европскиот фудбал. Тоа е реалноста – овој спорт мораме да го развиваме секаде, не само во Англија и во Германија. Навистина, финалињата од ЛШ треба да се играат на најпознатите локации, но Лигата на Европа и сличните натпреварувања теба да ги делиме со сите оние кои го сакаат фудбалот“ – порача Чеферин.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА