Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин бурно реагираше на веста за наводниот состанок меѓу претседателот ФИФА Џани Инфантино и првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез. Угледниот „Њујорк тајмс“ донесе приказна за наводен состанок меѓуе Инфантино и Перез во кој двајцата разговарале за напуштање на Лигата на шампионите и формирање на Супер-лига.
„Читав за тоа. Доколку наводите се вистина, предлозите доѓаат од еден претседател на клуб и фудбалски администратор. Тешко е да се замисли посебична и поегоистична шема од оваа“, изјави Чеферин.
Приказната околу Супер-лигата не е нова, бидејќи и претходно се говореше за формирање на натпреварување кое би го сочинувале најдобрите и најбогати клубови од Англија, Шпанија, Италија, Германија и Франција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА