Првиот човек на УЕФА, Александар Чеферин, изрази подготвеност за посериозна борба со расизмот, откако призна дека европската куќа на фудбалот не гледала доволно сериозно на овој проблем. Случувањата за време на мечот во Софија меѓу Бугарија и Англија го исфрли на површина стариот проблем, работи кои немаат врска со спортот да фрлат црна дамка на фудбалот.
„Верувајте ми, УЕФА е решена да направи се што може за да ја искорено оваа зараза од фудбалот. Имаше време, не толку одамна, кога фудбалското семејство веруваше дека борбоата со расизмот е далечно минато. Во последните неколку години увидовме дека таквиот начин на размислување е најблаго речено – потценување. Растот на националнизмот ширум континентот придонесе да дојде до неприфатливо однесување на стадионите, додека поединци си дадоа за право да ги користат фудбалските навивачи за ширење на своите идеи“ – изјави Чеферин во интервју за агенцијата „АП“.
Останува да се види како УЕФА зборовите на претседателот ќе ги претвори во дела, почнувајќи од казната за Бугарија за прекините на дуелот со Англија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА