Првиот човек на УЕФА, Александар Чеферин, на конгресот во Братислава истакна дека ВАР системот нема да се употребува во Лигата на шампионите за следната сезона. Чеферин смета дека системот се уште не функционира како што треба за да може да се употребува во едно елитно натпреварување.
„Лигата на шампиони во наредната сезона нема да го употребува ВАР системот. Сметам дека видео асистентот се уште не е на високо ниво при функцијата, има доста недоразбирања. За едно елитно клупско натпреварување системот треба да биде потполно беспрекорен“, вели Чеферин.
ВАР системот веќе се употребува во италијанската Серија А, како и португалската Премиер – лига од поголемите домашни првенства, во Англија се тестираше на куп-мечевите, но по неколку натпревари мислењата околу системот се поделени.
Сепак, Чеферин смета дека видео арбитражата ќе биде присутна на Светското првенство во Русија, бидејќи претседателот на ФИФА, Џани Инфантино го поддржува системот, но вели дека федерацијата треба да обезбеди адекватни часови за судиите за користење на системот пред да го внесат на мундијалот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА