Чеферин за Газпром: Од УЕФА се бараше да го прекинеме договорот, а Европа и натаму купува руски гас

Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин коментираше за раскинувањето на договорот со „Газпром“ и кажа дека тоа многу скапо ќе ја чини УЕФА, иако смета дека е донесена вистинска одлука ако се гледа политички.

„Тоа е вистинска одлука. Во однос на финансиите тоа ќе чини скапо. Ќе ги погоди нашите финансии“, вели Чеферин.

Првиот човек на УЕФА рече дека европската фудбалска куќа не треба да оценува за управување на една зема.

„Која е УЕФА да го оценува системот на управување на земјата? Дали сите големи западни компании ги почитуваат човековите права? Политичарите од нас бараа да го прекинеме договорот со Газпром уште пред да биде донесена одлука за санкции против Русија. А, Европа и натаму го купува рускиот гас“, вели Чеферин.

 

 

Се вчитува...