И покрај тоа што се шпекулираше дека актуелниот прв човек на УЕФА, Александар Чеферин подготвува со промена на Статутот нов свој мандат на чело на УЕФА, а поради тоа и Звонимир Бобан се одлучи да замине од институцијата, сепак Чеферин објави дека нема да се кандидира за нов мандат на чело на УЕФА.
Сето тоа значи дека ќе го предводи европскиот фудбал најмногу до 2027 година, без разлика што измените на статутот на УЕФА на актуелниот Конгрес му дозволуваат да се кандидира за нов мандат.
Чеферин во своето денешно обраќање на Конгресот во Париз алудираше токму на Звонимир Бобан, кој неодамна реши да ја напушти УЕФА и да го обвини Словенецот за лицемерие поради промената на Статутот.
„Уморен сум од самопрогласените морални авторитети, кои се морални додека тоа не се судри со нивните лични интереси. Ја знаете личноста за која зборувам и тој не заслужува коментар од мене, луѓето што го познаваат сами ќе донесат пресуда. Жален и срамен е неговиот карактер затоа што тој беше еден од ретките луѓе кои знаеја дека нема да се кандидирам во 2027 година. Откако дека ќе го објавам тоа на Конгресот, најбрзо што може излезе со своето нарцисоидно писмо. Не можеше да чека затоа што по Конгресот неговото плачење ќе немаше смисла, откако ќе објавев дека ова е мој последен мандат. Сега размислете, чии лични амбиции се вклучени? Чиј морал е во прашање? Да заклучам, многу сум среќен што конечно можев да го објаснам моето гледиште“ – рече Чеферин.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

