Чех: Финалето против Челси е најдобар начин за одење во пензија

Голманот на Арсенал, Петр Чех вели дека е „сон“ тоа што во финалето на УЕФА Европа лигата ќе се соочи со поранешниот клуб Челси и на тој начин ќе ја заврши кариерата.

Чех беше константен на голот на Арсенал на дуелите од Европа лигата, наспроти тоа што во Премиер-лигата му го препушти местото на Бернд Лено. Тој вели оти можел и натаму да брани, но дека сакал „да се пензионира по негови услови“.

„Ова ќе биде перфектен крај на мојата кариера. Сонот ми беше да бидам во европско финале, сега сонот е европски трофеј“ – рече Чех по пласманот на неговата екипа во финалето.

Петр Чех во Челси мина 11 сезони од 2004 до 2015 година. Потоа направи трансфер во Арсенал, клубот за кој досега има 110 настапи.

 

 

 

 

Се вчитува...