Жозе Мурињо се смета за еден од најдобрите тренери во историјата на фудбалот. Неговата харизма е добро позната низ целиот свет, и затоа го доби надимакот „Специјален“.
Мурињо со Челси ги освои пехарите во Премиерлигата во 2004 и во 2005 година, а потоа и во 2015 година. Мурињо беше познат по своите „тактики“ да го тргне притисокот од фудбалерите и да го привлече кон себе. Но, во последно време тоа не му оди.
Еден од најдобрите голмани во овој век, Петр Чех откри некои детали од работата на Мурињо.
„Луѓето имаат перцепција за Мурињо дека тој пласираше наративи за да ги натера новинарите да се насочат на прашања кои тој ги сака, а тоа очигледно произлезе од неговите прес-конференции. Се надевам дека нема да му пречи ова што ќе го кажам, но некогаш ќе дојдеше на состанок и ќе кажеше: Момци, сакам да играме вака и вака. Тоа е тоа што навистина го мислам, и така ќе правиме. А, јас ќе отидам сега пред новинарите и ќе кажам нешто сосема друго. Немојте да бидете изнандени. Тоа е затоа што јас сакам тоа да го слушнат, да имаат такво чувство кон нас. Го правеше тоа за да тргне притисокот од нас, но и за да си „игра“ со противниците. Во тоа беше секогаш чекор пред сите“, рече Чех.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА