Чешкиот интернационалец Петр Чех е првиот голман кој стигнал до рекордни 200 меча без примен гол во Премиер – лигата. Тој денеска ја сочува мрежата на Арсенал на дуелот против Ватфорд (3-0) и постави рекорд за идните генерации. Во текот на натпреварот Петр Чех успеа да одбрани и пенал, што само го надополнува неговиот успех. Тој во 62.минута го одбрани шутот на Трој Дини од 11 метри.
Чех, кој долги години е дел од Премиер – лигата, во кариерата 162 пати ја сочува мрежата во дресот на Челси, а 38 пати го стори тоа во дресот на Арсенал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА