Чехот Прохашка нов УФЦ шампион

Чешкиот борец Јири Прохашка е нов УФЦ првак во полутешка категорија. Во феноменална борба во Сингапур на УФЦ 275, го порази актуелниот светски првак Гловер Тешеира и му го презеде тронот.

Оваа борба имаше се, директи, крошеа, аперкати, колена у тело. Тешеира даде се од себе, но на крајот остана без сила. До најголемата победа во кариерата, Прохашка дојде со гушење, и тоа е првпат титулата во УФЦ шампионатот во полутешка категорија да е решена на овој начин уште од 2014 година.

 

Тешеира направи клучна грешка една минута пред крајот кога жестоко го нападна Прохашка, кој успеа да се извлече, а притоа Бразилецот потроши многу сила што го чинеше титула.

Се вчитува...