Антонио Конте оствари неверојатен успех со Наполи освојувајќи го скудетото, но трофејниот стручњак не крие дека е незадоволен од неисполнетите ветувања на управата, па големи се шансите тој летово да си замине од Неапол.
Де Лаурентис веднаш по освоеното скудето изјави дека е смирен бидејќи Конте има уште две сезони од тригодишниот договор потпишан лани, но информациите од Италија говорат дека и на првиот човек на Наполи му е јасно дека односот со тренерот е сериозно нарушен и ќе биде многу тешко соработката да продолжи.
„Газета дело спорт“ во денешното издание објави дека Де Лаурентис веќе води активни преговори со Масимилијано Алегри, кој е на готовс да се пресели во Неапол доколку Конте реши да си замине од кормилото. Понудата е веќе доставена, двогодишен договор за плата од шест милиони евра по сезона, услови што се прифатливи за екс-тренерот на Јувентус да се врати назад на италијанската фудбалска сцена.
Се ќе зависи сепак од Антонио Конте, за кого се шпекулира дека е многу блиску до клупата на Јувентус…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

