Клубовите од елитното друштво во мак-баскетот имаат огромни долгови кон КФСМ, беше објавено од страна на куќата на кошарката на денешната прес-конференција.
Причината е јасна – огромнето доцнење на ваучер-средствата поради што клубовите доцнат и со уплатата кон куќата на кошарката…
„Сите знаете дека спортот функционира речиси целосно на ваучер-системот. Во голем основ, огромен дел од тој ваучер колач е и нашето функционирање. Долго време се шпекулираше како ваучерот ќе биде пред крајот на ланската година, па се најавуваше пролетва, па пак се одложи за летово… и тие пари никогаш не стигнаа до ден денеска. Сето тоа придонесува долговите да растат, а вкупната сума достигна и до речиси 11 милиони денари. Не сакаме да правиме проблеми бидејќи е јасно дека сите чекаат средства од иста страна, затоа сме и потолерантни на оваа тема, но веруваме дека проблемот ќе биде надминат на државно ниво и штом клубовите добијат средства за ваучер, долговите кон нас како федерација ќе бидат надминати“, изјави Генералниот секретар Георгиевски.
„Ретки се оние кои го имаат платено првиот дел од котизацијата за ланската сезона, помалку или повеќе сите клубови се со обврски кон фенерацијата. Бројката на прволигашите е околу 11 милиони денари, а вкупната сума што ни се должи е над 250.000 евра“, додаде Влатко Георгиевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА