Антонио Ридигер нема да игра фудбал до крајот на сезонава без оглед колкава ќе биде казната што Шпанската Фудбалска Федерација ќе му ја изрече на Германецот за лудувањето во самата завршница од Копа дел реј против Барселона.
Имено, дефанзивецот заработи повреда за овој финален дуел, а Реал Мадрид денеска објави дека проблемот воопшто не е наивен. Ридигер имал кинење на дел од менискусот во левото колено, поради што врз него бил извршен и хируршки зафат од Др. Мануел Лејес, под надзор на медицинскиот тим на „кралскиот клуб“.
Германецот ќе мора целосно да мирува дваесетина дена, по што би почнал со лесни тренинзи. Тој дефинитивно ќе го пропушти крајот на оваа сезона, прогнозите велат дека би можел пак да игра фудбал за околу два месеца, па „лкралевите“ се надеваат дека Ридигер би можел да настапи на клупскиот мундијал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

