Кратко траеше авантурата на Никола Влашиќ во Вест Хем, па хрватскиот репрезентативец една година откако пристигна од ЦСКА Москва како големо засилување, ќе го напушти лондонскиот премиерлигаш и ќе се пресели во Серија А.
Торино ќе биде новиот клуб на одличниот фудбалер за врска, откако „торинезите“ постигнаа целосен договор со Вест Хем за едногодишна позајмица без задолжителен откуп на крајот од сезоната. Влашиќ заминува во новиот клуб на барање на тренерот на Торино, неговиот сонародник Иван Јуриќ, кој беше клучен фактор за од неколкуте понуди на маса хрватскиот репрезентативец да ја избере токму онаа на Торино.
Она што е интересно, италијанскиот прволигаш нема да ја покрие целата плата на Хрватот, туку ќе му исплати вкупно 2,5 милиони евра за целата сезона, додека преостанатите два милиони Влашиќ ќе ги добие од Вест Хем.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА