Селекторот на ракометната репрезентација на Македонија, Данило Брестовац во репрезентацијата ги повика и Стојанче Стоилов, Дејан Манасков и Никола Маркоски, откако по последните случувања во репрезентацијата на Чешка и дури 16-те позитивни ракометари се зголемија шансите за учество на Светското првенство на нашиот национален тим.
Тројцата искусни ракометари имаа пауза за новогодишните празници и не беа дел од тимот во контролниот меч со Чиле. Дополнително бил повикан и Гоце Георгиевски, но поради здравствени проблеми по прележувањето на коронавирусот тој не и се приклучи на репрезентацијата.
Македонија во недела ќе одигра уште една контрола со Чиле селекција која што е можен противник на шампионатот, доколку Чешка се откаже од учество. Покрај Чиле, во оваа група се наоѓаат и домаќинот Египет и Шведска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

