Чекор поблиску до титулата: Селтик се спаси од пораз во шкотското дерби

Големото шкотско дерби меѓу Глазгов Ренџерс и Селтик, прво во 2023 година, заврши без победник, исход од кој далеку позадоволни ќе бидат гостите од зелено-белиот дел од градот, кои направија уште еден голем чекор кон шампионската титула.

Селтик прв стигна до водство откако Маеда се најде на вистинското место и го матираше домашниот голман за водство од 1-0. Ренџерси направија пресврт за само осум минути игра во вториот дел, а во главна улога беше Фешн Сакала. Тој асистираше до Кент при израмнувачкиот погодок за 1-1, а потоа врз Сакала беше направен и пеналот што Таверние го претвори во водечки погодок за домашниот тим.

Глазгов Ренџерс беше на патот до победата, но домашните навивачи на „Ајброкс“ стадионот останаа во шок откако Фурухаши погоди за 2-2 во 88. минута од натпреварот.

По денешното реми, Селтик ја одржа удобната предност на врвот на табелата, со 54 бода наспроти 46 на Глазгов Ренџерс.

Се вчитува...