Манчестер Јунајтед е одлучен да го доведе камерунскиот голман Андреа Онана. Делегација на „црвените ѓаволи“ наводно веќе е во Милано на завршни преговори со челниците на Интер, за чуварот на мрежата на „нероазурите“.
Тимот од Олд Трафорд ќе му понуди 50 милиони евра плус бонуси, а на Интер е да одлучи за својот чувар на мрежата, кој го зема целосно бесплатно.
Доколку не бидне ништо од работата, тогаш Јунајтед ќе тргне по грузискиот голман Георги Мамардашвили од Валенсија, а во опција е и Украинецот Анатоли Трубин од Шахтјор.
Трубин инаку е на „мета“ на Интер, доколку го продаде Онана на Јунајтед. Се шпекулира дека челниците на Интер веќе стапиле во контакт со украинскиот тим за ангажман на голманот, но условот е прво Онана да замине на „Олд Трафорд“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА