Рубен Аморим дебитираше на клупата на Манчестер Јунајтед со ремито со Ипсвич (1:1), а португалскиот тренер призна дека тимот го чека уште многу работа.
Работата нема да биде само на теренот, туку и на трансфер пазарот, каде што Јунајтед ќе мора да биде активен. Челнциите веќе тргнале во потрага по лев бек. Првата желба е играчот на Милан, и француски репрезентативец Тео Хернандез.
Хернандез има договор до 2026 година, идеална прилика на крајот на сезоната да се ангажира, на една година од истекот на договорот по поволна цена. Моменталната цена е 60 милиони евра.
Аморим форсира формација со тројка позади, и со офанзивни бекови, па Хернандез добро ќе му дојде за левата странична позиција.
Хернандез е во Милан од 2019 година, и од тогаш е еден од најстандарните во таборот на „росонерите“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА