Челниците на Ливерпул на состанок околу судбината на Јирген Клоп!?

Зад Ливерпул е една од најлошите сезони во поновата историја на клубот. Не само што се надвор од трката за шампионската титула во Премиерлигата, туку се и дури седум бода од местото меѓу најдобрите четири екипи во лигата кои водат во Лигата на шампионите за следната сезоната.

На сето тоа, од поодамна испаднаа од ФА Купот и од Лига Купот од Брајтон и од Манчестер сити, за да сега се и пред испаѓање од Лигата на шампионите, по убедливиот порад од Реал Мадрид (2-5) на „Енфилд“.

Англиските медиуми веќе тврдат дека челниците на Ливерпул се состанале на темата смена на Јирген Клоп. Германскиот тренер е означен како главниот виновник за оваа ситуација, па челниците наводно сметаат дека мора да следи разделба со Клоп за да има освежување на екипата со нова енергија. Во овој момент се чини дека прашање на ден е само разделбата со Клоп, а неизвесно е единствено дали ќе биде отказ или Ливерпул ќе му дозволи да поднесе оставка од почит за неговото дело изминативе осум години на „Енфилд“!?

Како можен наследник на Клоп се спомнува Јулијан Нагелсман, 35-годишниот германски стратег кој во овој момент го води Баерн Минхен и има уште три години договор со клубот, но наводно има желба да се пресели во Премиерлигата и да го води Ливерпул.

Се вчитува...