Челниците на Реал згрозени: Ова е невиден срам, ќе има и од нас казни за нашите играчи!

Челниците на мадридски Реал најавија дека ќе реагираат остро кон своите учесници во хаосот на дуелот со Партизан во Евролигата.

„Невиден срам“ – ја пренесува шпанска „Марка“ реакцијата на челниците на Реал Мадрид веднаш по мечот.

„Марка“ наведува дека раководството на Реал најпрво ќе ги почека одлуките на Евролигата, а потоа, како што истакнале, и самите ќе изречат казни за учесниците во тешкиот инцидент.

Клубот има интерен правилник кој е користен и во фудбалската секција, пред се во случајот на Федерико Валверде кој на паркинг го нокаутираше фудбалерот на Виљареал, Алекс Баен.

„Марка“ наведува дека Реал ќе ги брани своите интереси, но и ќе биде немилосрден кон сите кои беа насилни и на тој начин му ненеле срам на клуб кој има „кралски“ епитет.

Се вчитува...