Англискиот премиерлигаш Челси ќе го стартува настапот во групите од Лигата на Европа без својот најдобар фудналер Еден Азар. Лондонскиот тим замина на гости во Солун, на дуел против ПАОК, без белгискиот интернационалец, кој остана во базата на клубот. Менаџерот Маурицио Сари одлучи да му даде одмор на Азар, со оглед дека в недела Челси има редовни обврски во Премиер – лигата и гостински натпревар против Вест хем.
„Нашата цел е да победиме, без разлика кои фудбалери ќе добијат шанса во Лигата на Европа. Не го потценуваме ниту противникот, ниту натпреварувањето“, изјави Маурицио Сари.
Челси е во групата Л од Лигата на Европа, заедно со ПАОК, Бате Борисов и Види, чиј член е македонскиот репрезентативец Бобан Николов.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА