Челси ја продолжи победничката низа во Премиерлигата славејќи со 2-1 против Брентфорд во 16. коло.
„Сините“ стигнаа до предност преку Кукуреља во 43. минута, а Џексон го доведе клубот од „Стемфорд Бриџ“ до предност од 2-0 во 80. минута. Поразот го ублажи Мбуемо со гол во 90. минута.
Убедлива победа забележа и Тотенхем кој на гостински терен славеше против Саутемптон со 0-5 во натпревар во кој сите погодци беа постигнати во првите 45. минути.
До триумф „петлите“ ги предводеа Мадисон со два гола, Сон, Кулушевски и Сар.
Со овој триумф Челси се зацврсти на втората позиција на табелата со 34 бода, два помалку од Ливерпул кој има и натпревар помалку, додека Тотенхем стави крај на серијата порази и го забележа 23 освоен бод.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА