Алваро Мората нема да биде во составот на Чеси на саботниот дуел со Евертон од 19.коло во Премиер-лигата. Првиот стрелец на Челси ќе паузира поради суспензија која ја доби откако собра пет жолти картони на натпреварите под ингеренција на ФА.
Петтиот жолт картон Мората го доби на синоќешниот дуел во Лига Купот против Бурнемаут (2-1) и тоа поради начинот на кој го прослави голот.
Шпанецот со прославата никого не навреди, туку ја поздрави својата бремена сопруга, ставајќи ја топката под дресот и палецот во уста, сепак од ФА немаа милост за прославата за која, според правилата, следува санкција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА