Челси без Палмер во Конференциската лига

Англискиот фудбалер Кол Палмер оваа сезона нема да им помогне на соиграчите од Челси во Конференциската лига, ова е официјалната одлука на лондонскиот клуб.

Односно, барем за време на лигашкиот дел од третото најважно натпреварување на УЕФА.

„Сините“ со мала мака го доставија списокот со играчи на кои тренерот Енцо Мареска ќе смета откако го елиминираа Сервет во плеј-офот, но во него не е вклучено името на нивниот најдобар играч од минатата сезона.

Челси оваа сезона потенцијално може да одигра повеќе од 80 натпревари, па италијанскиот стручњак реши да ја поштеди својата ѕвезда за натпревари на кои веројатно нема да му биде потребен.

Освен Палмер, отсуствуваат и имињата на Весли Фофана и Ромео Лавија кои во моментов се повредени, како и Бен Чилвел, кој подолго време е на излезната врата од „Стемфорд Бриџ“.

Се вчитува...