Челси официјално го објави првиот влезен трансфер. Станува збор за 19-годишниот играч од средниот ред Матис Амугу , кој е потпишан од Сент Етјен за 15 милиони евра. Францускиот талент, кој има 17 настапи во Лига 1 од почетокот на сезоната, потпиша осумгодишен договор со лондончани.
Тој ќе остне да тренира со првиот тим на Челси до крајот на оваа сезона, а потоа оди на позајмица во Стразбур до 2016 година.
Интересно е што овој фудбалер сезоната во 17 настапи, нема ниту гол ниту асистенција.
„Многу сум среќен. За мене е чест што потпишав со толку голем клуб како што е Челси. Тие веруваат во млади играчи кои се развиваат на фантастичен начин“, изјави Амугу, кој е единственото ново засилување за „сините“ во зимскиот преоден рок.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

