Англискиот премиерлигаш Челси во зимскиот преоден рок ќе се обиде да го доведе фудбалерот на ПСВ Ајндховен, Ирвинг Лозано. Менаџерот Маурицио Сари процени дека на тимот му недостигаат квалитетни крилни играчи, го обезбеди Кристијан Пулишиќ од Борусија Дортмунд за следната сезона, но посакува да го купи Мексиканецот Лозано до крајот на јануари.
Раководството на Челси испрати понуда вредна 36 милиони фунти до ПСВ Ајндховен и се надева дека тоа ќе биде доволно за холандскиот клуб да дозволи да бидат отпочнати преговори со фудбалерот. За Лозано се интересираат и Интер, Атлетико Мадрид, Севилја и Тотенхем.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА