Челси стигна до многу важен триумф на гостувањето кај Вотфорд од 1-2 во натпревар од 14. коло во англиската Премиер-лига. Натпревар кој беше прекинат во 15. минута откако еден од фановите на трибините доживеа срцев удар, сепак го доби својот крај вечерва.
По враќањето на теренот гостите поведоа преку Мејсон Маунт во 29. минута. До крајот на првиот дел Вотфорд израмни со голот на Денис во 43. минута. Конечните 1-2 ги постави Хаким Зијеш во 73. минута.
Лестер одигра нерешено на гостувањето кај Саутемптон, додека Вест Хем ремизираше на домашен терен против Брајтон 1-1. Без голови заврши натпреварот меѓу Вулверхемптон и Барнли.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

