Челси доби и трета „корпа“ од Дортмунд за Гитенс

Англиското крило Џејми Гитенс кој е дел од Борусија Дортмунд, нема да се пресели во Челси за Светското клупско првенство. Според „Скај“, Борусија ја одбила и третата понуда на лондонскиот клуб која изнесуваше 55 милиони евра.

„Милионерите“ бараат 65 милиони евра, плус бонуси. „Сините“ нема да го потпишат крилниот фудбалер, со оглед дека преодниот рок за Светското клупско првенство истекува вечерва.

Фудбалерот наводно веќе договорил трансфер во Челси и личните услови, но нема да биде на располагање на Енцо Мареска на идниот турнир. Гитенс одигра 32 меча минатата сезона, и постигна осум голови, и запиша три асистенции.

Се вчитува...