Фудбалерите на Челси добија уште едно лондонско дерби откако по Тотенхем попладнево го совладаа и Фулам, на гостински терен со 1-2. Кепа се врати на голот на „сините“ и имаше важен придонес во триумфот, спасувајќи неколку опасни шутеви на домашните фудбалери во второто полувреме.
Челси беше подобар тим во првиот дел, поведе со голот на Игуаин, но домаќините успеаја да израмнат преку Чемберс. Жоржињо беше стрелец на победничкиот погодок пред крајот на првото полувреме, кога Бразилецот со италијански пасош биеше одлично од работ на шеснаесетникот за нова радост на гостинските фанови.
Фулам тргна многу поофанзивно во вторите 45 минути, домашните играчи создадоа и неколку шанси, а најубавата ја пропушти Митровиќ во самиот финиш, кога одлично шутираше со глава, но Кепа интервенираше и ја сочува предноста на Челси.
Фулам во 94. минута постигна и погодок за израмнување преку Сесењон, но оправдано беше поништен поради офссајд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА