Челси добива засилување за четвртфиналето на Светското клупско првенство

Челси продолжува со заминувањата за новата сезона во која дел од тимот ќе биде и Жоао Педро кој ќе пристигне во „сините“ редови за вкупно 60 милиони евра од кои пет ќе бидат преку бонуси.

Бразилецот се сели во Челси по успешните настапи за Брајтон и се очекува да биде дел од составот кој ќе се сретне со Палмеирас во четвртфиналето на Светското клупско првенство, натпревар кој е закажан за 5. јули.

Дваесетичетиригодишникот кој минатата сезона постигна 10 голови за Брајтон во Премиерлигата имаше понуда и од Њукасл Јунајтед, но се одлучи да ја продолжи кариерата на „Стемфорд Бриџ“.

Се вчитува...