Челси договори трансфер на 20 годишен португалски талент

Челси е на прагот да официјализра ново засилување отако ги договори условите за трансфер на младата португалска ѕвезда Ренато Веига од редовите на Базел, пренесува доброупатниот Фабрицио Романо.

Станува збор за фудбалер од средината на теренот кој може да ја покрие и стоперската и бековската позиција. 20-годишникот кој е капитен на репрезентацијата на Португалија до 20 години ќе го чини Челси до 15 милиони евра.

Се вчитува...